fbpx
21 C
Skopje

Некоја нова Македонија, поразена и Белорусија – Чурлинов влезе во историјата

АКТУЕЛНО

Македонската фудбалска репрезентација успеа да оствари победа во пријателскиот натпревар против Белорусија кој се одигра на Арената „Филип Втори“ со убедливи 3:0.

Избраниците на Игор Ангеловски одиграа феноменална партија, каде можеа да остварат и поголема победа доколку беа поприсебни и ги искористија своите можности.

Резултатот го отвори Стефан Спировски со неговиот деби натпревар за репрезентацијата, додека во вториот дел двоен стрелец беше Горан Пандев кој дојде до бројката од 29 натпревари во селекцијата.

На оваа средба за одбележување е и настапот на Дарко Чурлинов, со кој играчот на 16 години и осум месеци стана најмладиот фудбалер кој заиграл во националниот тим. Тој во игра влезе во 82. минута и веднаш можеше да постигне гол, но шутираше крај голот на противникот.

Македонија следниот натпревар го игра на Арената „Филип Втори“ против Шпанија, средбата ќе се одигра на 11 јуни во рамките од квалифкациите за СП во Русија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -