fbpx
19 C
Skopje

Нелоски: И покрај деструктивните политики на СДСМ, не прекинуваме со реализација на проектите за младите

АКТУЕЛНО

Претседателот на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски на својот профил на Фејсбук истакна дека проектите кои ги создававле заедно со младите од целата држава во кампањата “Македонија за младите, младите за Македонија” стануваат реалност.

„Сите студенти веќе имаат можност да ги користат новите Перални и Сушални во студентските домови. Би сакал да им посакам добар престој и на сите оние кои што ќе се сместат во новиот реконструиран блок А во студентскиот дом “Гоце Делчев”, во кој со децении не беше заковано ниту шајка. Веќе се реконструирани 2 блока, а во постапка се уште 2.

Стотици проекти се дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, а 40 од нив се МЕГА проекти кои се од суштинско значење за младите. На мое и ваше огромно задоволство 10-тина од 40-те проекти се веќе реализирани, а уште толку се во фаза на реализација. И покрај деструктивните политики на СДСМ ние не прекинуваме со реализација на проектите кои сме ги ветиле и создале заедно со младите. ВМРО-ДПМНЕ е искрен партнер на младите во Република Македонија кој им нуди иднина, просперитет и најважно, држава во која ќе може да се реализираат! За разлика од СДСМ која единствено на младите им нуди двојазичност, бинационалност и федерализација. Продолжуваме“, пишува Нелоски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -