fbpx
26.8 C
Skopje

Нема маж кој да може да ја заборави дамата родена во овој хороскопски знак

АКТУЕЛНО

Жената родена во овој знак не ги следи другите, таа го следи својот пат

Не им се допаѓа баш на сите, но оние кои ја сакаат – ја сакаат искрено

Додека некои ја нарекуваат интензивна или тешка, оние кои не се чувствуваат загрозени од неа, ќе сфатат дека е страсна, лојална и вистински пријател.

Скорпиите се многу силни личности, па така мажите никогаш нема да можат да ја заборават дамата родена во овој хороскопски знак.

Ако сте во врска со жена Скорпија, тоа значи дека ќе ги доживеете најубавите деновите во вашиот живот, но ќе има и лоши моменти. Сепак, тие мигови ќе ве тераат да барате уште, иако можеби ќе се исплашите ако почнете да се шегувате со неа кога нема да биде добро расположена.

Скорпиите се комплексни по природа и многу сериозно ги сфаќаат врските. Ќе ви покажат љубов многу подлабока од онаа на којашто сте се навикнале, а еднаш кога ќе ве освои, веќе никогаш нема да прифатите „обична“ љубовна врска.

Скорпиите се интуитивни и знаат како да ги прочитаат луѓето, што може да ве нервира на почеток додека не сфатите колку е корисно да имате некој кој може да ве „чита“. Големи се шансите дека кога ќе велите „Немој да ми кажуваш како се чувствувам“, ќе сфатите дека се чувствувате токму така како што таа предвидела.

Скорпиите знаат како да воспостават контрола, па затоа ќе го правите тоа што таа сака и ќе мислите дека тоа било ваша идеја! Но светлата страна е тоа што таа никогаш нема да ја злоупотреби својата моќ. Таа го мисли најдоброто за двајцата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -