Нема никаков напредок во споровите со Република Македонија. Ниту вториот ден, од работата на зедничката мешовита експертска комисија за историски и образовни прашања, воспоставена за спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, не даде никакви резултати.




Според членови на бугарскиот дел од комисијата, кои сакаа да останат анонимни, македонските партнери во разговорите не се оддалечиле ниту еден сантиметар од своите позиции и се чини дека немаат намера да прифатат кој било од условите договорени на владино ниво.
Нема ништо заедничко меѓу зборовите на премиерот Зоран Заев минатиот четвртокот и денешното однесувањето на комисијата, вели истиот извор.
Денес не се постигнати никакви резултати, не се постигнати конкретни договори, потврди и втор извор што учествуваше во денешните разговори.




Продолжуваат споровите во комисијата околу царот Самоил. Членовите од Македонија одбиваат да ги прифатат ставовите на бугарските историчари од средниот век, и тоа да биде напишано во учебниците од кои учениците во Македонија учат во седмо одделение.
Главната дискусија беше за периодот на Самоил. Македонските историчари опстојуваат и не сакаат да прифатат дека царот Самоил бил дел од историјата на Првото бугарско кралство, и го негираат бугарскиот карактер на државата предводена од Самуил.
Македонската Влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на имплементацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија, изјави поранешниот премиер и актуелен специјален пратеник за Бугарија, Владо Бучковски.
Во интервју за БНР, Бучковски рече дека тимовите на двете министерства за надворешни работи на Македонија и на Бугарија работат на формулациите и оти верува дека може да се најде решение.




Верувам, и знам дека додека ние разговараме, тимовите на министерствата за надворешни работи – на Бугарија и на нашето, работат на формулациите коишто ќе покажат дека и без поддршка од кого било, макар што, во моментов го имаме претседателството на Германија, кое е голема поддршка, ние од Западниот Балкан, ние соседите кои имаме заедничка историја, можеме да најдеме решение за нашата заедничка иднина, вели Бучковски за БНР. (МИА)