fbpx
5 C
Skopje

Немој да си меѓу нив: Типови жени што мажите не ги поднесуваат

АКТУЕЛНО

Во денешно време, медијата ја користи секоја шанса за да ги поучи мажите што сакаат, и што треба да добијат нивните понежни половини. А што е со мажите? Тие и немаат толку многу барања, но тоа не значи дека нема одредени нешта што ќе го извадат од такт.

На пример, ваквите жени: ТРАЧАРКИ И ДЕЖУРНИ ПОПУВАЧКИ

Жените што негативно говорат за другите и омаложуваат се околу себе, дефинитивно ќе го одбијат речиси секој маж. Сите имаме такви моменти, но повременото и постојаното пререкување се две сосема различни работи. Мажите не разбираат зошто жените имаат потреба постојано нешто да бараат и да приговараат, бидејќи се водат од едноставна логика – „ако нешто ми смета, самиот ќе го променам, а ако не можам, ќе бегам подалеку“.

ДИЕТА-ФАНАТИЦИ

Ако секоја втора ваша реченица го содржи зборот „калории“, лесно и брзо ќе го оддалечите од вас. А ако почнете да му забранувате да пие пиво или да јаде храна што дебелее, тоа „брзо“ ќе прејде во „експресно“. Мажите сакаат кога жените се опуштени и пред се, кога уживаат во животот. Тоа не значи дека треба по цел ден да јадете скара, туку едноставно да ја олабавите кочницата и да се препуштите на малите уживања.

ВОРКОХОЛИЧАРКИ

Фино е што си ја сакате работата, но нема потреба и туѓите невини глави, особено неговата, да ги полните со информации околу рокови, колеги, шеф, презентации. Ако го правите тоа затоа што немате друга тема на разговор, подобро е да се молчи. Мажите сакаат да слушнат што мислите за него, што би правеле вие кога не би работеле, нешто за вашето хоби, вашите ставови. Со еден збор, ако сакате да имате маж покрај себе, морате и да живеете, не само да работите.

НЕЗАДОВОЛНИ ОД СЕМЕЈСТВОТО

Ретки се, ако воопшто и постојат, луѓето кои имаат совршено семејство и немаат ниту една замерка за роднините, ниту пак кавга во нивната заедничка историја. Сепак, иако не сте една од нив, тоа не ви дава доволно добра причина за постојано да зборувате за нив и да ги оцрнувате. Ако немате пофални зборови за нив, едноставно најдете друга тема на разговор.

ПРЕМУДРИ МУДРУВАЧКИ

Некои жени сметаат дека го имаат целото знаење на светот и одговорот на секое прашање. Толку се опседнати со тоа што постојано го малтретираат партнерот со безброј логични и нелогични прашања, барајќи начин за да поделат мудар совет. Вистината, сепак, е дека ниту еден маж не сака покрај себе да има советничка наместо партнерката што тој ја избрал.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -