Мицкоски: “Првата половина на јули прв можен термин за избори”.
Значи вакво однесување е карактеристично за мафијаши, а не за лидер на политичка партија. Оваа мафијашка етика е типична за сите патолошки лажговци и неранимајковци. Еве, и да му се удоволи на 15-ти јули, два дена пред изборниот датум ќе најде нова рачка, и нова, и нова, и нова. И ќе не држи во заложништво.
Изборите ќе бидат на 5-ти јули. Доброто уште еднаш ќе го победи ултимативното зло. А Мицкоски ќе оди во политичка пензија, или нека оди каде сака, широко му поље!
Државата ќе добие кормило: Собрание, легитимни институции и добар премиер. Пред се’ Македонија ќе добие добар човек, а дури потоа и добар премиер.
Одиме на избори на 5-ти јули. Одиме да се такмичиме. Одиме на чиста победа!