fbpx
5 C
Skopje

Неочекуван потег од еден претседател: Пендаровски со порака до сите навивачки групи

АКТУЕЛНО

Во своето обраќање во Парламентот, претседателот Стево Пендаровски даде неколку интересни предлози и идеи кои ќе ги реализира во иднина, секако истите се позитивно оценети од јавноста.

Тој откри дека за прв пат во кабинетот на претседателот на државата состанок односно дебата ќе одржат навивачки групи од различна етничка припадност.

-До крајот на 2019 година, за прв пат во кабинет на претседателот на државата ќе се одржат серија средби со навивачки групи, каде има млади од различни етнички припадности, на средбите учество ќе земат и учесници и сведоци од конфликтот во 2001 година, кои тогаш беа на различни страни,- изјави Пендаровски.

-Мојата цел е на овие млади луѓе преку директни примери да им ја покажеме, од една страна, цената на насилството, а од друга, вредноста на дијалогот и дебатите и за најтешките прашања со кои сме соочени во нашата заедничка земја,- додаде претседателот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -