fbpx
11 C
Skopje

Нетанјаху: Во целост се согласувам со Трамп за блискоисточните проблеми

АКТУЕЛНО

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска пред заминувањето во Вашингтон истакна дека тој и претседателот на САД, Доналд Трамп се согласуваат во врска за главните закани и можности во регионот.

На конференцијата за новинари на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, Нетанјаху оцени дека САД од секогаш биле силни а сега ќе бидат уште посилни.

Израелскиот премиер во среда во Белата куќа ке се состане со Трамп. Тие исто така ќе се сретнат со потпретседателот Мајкал Пенс, државниот секретар Рекс Тилерсон и лидерот на Сенатот Чарлс Шумер и другите сенатори.

Сопругата на Бенјамин Нетанјаху пак ке се сретне со првата дама на САД, Меланија Трамп.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -