6.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

Невиден гаф: Медиум објави вест за Гордана Јанкулоска со слика од Гордана Силјановска

„24часа.бг“ ја објави веста за намалувањето на казната на екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од 6 на 4 години, но со текстот одеше и фотографија од кандидатот за претседател, Гордана Силјановска.

Текстот е за одлуката на Апелациониот суд за намалување на затворската казна на Јанкулоска од 6 на 4 години за случајот „Тенк“.

Апелациониот суд Скопје делумно ги уважи жалбите на екс министрката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за пресудата во случајот „Тенк“ и првостепената казна од шест години затвор и ја намали на четири години.

Како што се наведува во соопштението од Апелација, во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврдува.

Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“, на 8 октомври минатата година беше осудена на шест години затвор.

При набавката на службениот „мерцедес“ за поранешниот премиер, Никола Груевски, Јанкулоска ја злоупотребила службената положба и овластувања при што била нарушена и тендерската постапка бидејќи бил фаворизиран еден економски оператор.

Кривичниот суд во предметот за набавката на владиниот „мерцедес“, вреден 600 илјади евра, го осуди првообвинетиот Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а второобвинетиот Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото на две години затвор.

Апелацискиот суд во целост ја потврди првостепената пресуда за Никола Груевски, а делумно ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на четири и полгодини затвор.

Груевски избега во Будимпешта каде доби азил, а Поповски се наоѓа во затвор.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави