Времето утре ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.




Во Скопје ќе биде сончево со појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен ветер од југоисточен и јужен правец. Температурите на воздухот ќе бидат во пораст.
Повеќе содржини во продолжение: НАСЛОВ – Јовановиќ: Имаме добри вести од Германија и канцеларката Меркел
Германската канцеларка Ангела Меркел се надева дека оваа година ќе се отвори меѓувладина конференција со Северна Македонија. Таа рече дека се надева дека Бугарија и Северна Македонија ќе стават крај на нивната кавга.




„Во случајот на Албанија, прашањето е малку поинакво. И покрај напредокот, не можам да ветам дека тоа ќе се случи оваа година, но многу наскоро“, рече канцеларката на виртуелниот состанок со парламентарните комитети на земјите членки на ЕУ. „Што се однесува до Србија, таа треба да направи напредок во односите со Косово“, рече канцеларката. Таа во оваа прилика повтори дека иднината на земјите од Западен Балкан е во ЕУ.
Меркел: За Албанија неможам да ветам отварање на преговори. За Македонија има надеж. Логичкото прашање се поставува: зарем Меркел 8 дена пред меѓувладината конференција ќе изјавува дека ИМА ШАНСА ако навистина нема?
ФБ статус на Ненад Јовановиќ