fbpx
4.8 C
Skopje

Никогаш не сум била на море, не можам поради работата со земјоделието“ – Тажна животна приказна на една ученичка!

АКТУЕЛНО

Никогаш не сум била на море, не можам поради работата со земјоделието“ – Тажна животна приказна на една ученичка!

Мирсада Хаџиќ, ученичка во прва година во средно училиште во Козарска Дубица во Босна и Херцеговина има само една желба: да види море.

Меѓутоа, животот на оваа девојка премногу се разликува од многуте животи на нејзините врсници, бидејќи татко ѝ се разболел кога имала само 10 години, па таа морала да ја преземе работата на нива. Иако татко ѝ во меѓувреме малку закрепнал, таа и понатаму деновите ги поминува работејќи на земјоделски работи за да им олесни на родителите, пренесува Дневник.

Работам со трактор, орам, сеам. Освен тоа ја хранам стоката, ја бојадисувам куќата, уредувам се дома – рекла таа, додавајќи дека првпат, на трактор седнала кога имала само 5 години. Покрај тоа, запишала средно фармацевтско училиште, а учи, принзава, само пред спиење, кога ќе ги заврши сите домашни обврски.

Во целата приказна вели, најтешко ѝ паѓа реакцијата на луѓето.

-Најлошо и најтажно ми е што луѓето се смеат на моја сметка. Ги оставам да прават што сакаат. Јас да сум на нивно место, мене би ми било срам – вели таа, додавајќи дека во животот морала да се откаже од многу работи, а меѓу другото никогаш не била на море.

-На море никогаш не сум била. Не го имам почувствувано мирисот на морето, песокта за која сите во моето друштво зборуваат – рекла низ солзи, но додава дека не е сигурна дека таква можност и да има ќе може да ја искористи.

-Имам се повеќе и повеќе работа на нива, Некои ме прашуваат зошто не излегувам во град, јас велам не можам.

Попрво би му помогнала на татко ми, отколку да трошам пари наоколу. Помагајте им на родителите додека ги имате, кога ќе ги нема, ќе жалите – заклучила Мирсада.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -