Нам ни треба Лидер кој ќе обединува, премиер кој ќе има квалитетни луѓе околу себе, а не партиски луѓе на кои првото вработување им е министер. Со политика може да се занимава само реализиран човек. На пример – во изборна единица пет го имате Дурловски кој не е политичар кој се покажал во својата професија. Од друга страна Шекеринска никој не и ја знае професијата. На кој Факултет во Македонија може да се заврши за политичар, вели Тасев во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.
Тој истакна дека на државата и се потребни лидери кои имаат искуство, знаење кое ќе се примени во политиката за доброто на народот.
Новиот премиер нека собере луѓе кои се такви и ајде да тргнеме напред. 30 години сме во едно мочуриште дури младите бегаат. Ајде младите да ги вратиме назад. Нека нема партиски стеги. Нека не е битно дали Никола или Горан се од оваа или онаа партија, туку да го гледаме квалитетот. Нашите деца имаат право да го бараат од нас тоа да го направиме. За жал тоа не успева бидејќи двајца тројца луѓе во партија одлучуваат кој ќе биде во Собранието, рече тој.
„ЗАСПИЈ АКО МОЖЕШ“ со Горан Момироски
Posted by Alfa Televizija on Thursday, June 25, 2020