fbpx
18.8 C
Skopje

Николоски: Да беа западните сили убедени дека сме средена држава ќе вршеа притисок кон Бугарија

АКТУЕЛНО

Дури и да има промена на мнозинството во овој Парламент не дава комоција за стабилни проекти. Стабилно мнозинство се донесува со огромно мнозинство на избори. Ние работиме на ново парламентарно мнозинство кое треба да организира предвремени парламентарни и локални избори на кои ќе победи ВМРО-ДПМНЕ.

Не треба да имаме Усеин Болт избори. За да спречиме такви избори треба да имаме отисок од прст за идентификација на гласачите, вели Николовски во гостување на телевизија Алфа.

Кога Бугарите видоа што добија Грците, притиснаа, кога Албанците гледаат, велат дајте и ние. Прашање на време е кога ќе се замешаат и србите. Не случајно големите сили, пред се САД, во почетокот на 90 години силно лобираа Македонија да стане независна држава. Тие дури и војска испратија на границата со Косово, за да бидеме стабилна независна држава. Тие поддржуваат таква држава бидејќи треба да бидеме баланс меѓу овие големи и империјалистички намери на останатите држави во регионот. Политиката не е дајте на секој што бара, бидејќи на крај ќе ви ја земаат државата. Не е Бугарија единствената која не сака Македонија да започне преговори со ЕУ. Има неколку високо западни држави кои не сакаат да почнеме преговори бидејќи сметаат дека институциите не се спремни поради се корупцијата и сето она што се нарекува тоталитарна држава. Да беа убедени, да имавме се средено и да имавме економија ќе вршеа притисок кон Бугарија, додава тој за македонско-бугарското прашање

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -