29 C
Skopje

Николовски: Борбата против корупцијата и криминалот е суштинска за да ја кренеме економијата

АКТУЕЛНО

Премиерот Заев со владина делегација во дводневна посета на Атина

Конференцијата на угледниот магазин „Економист“ како тркалезна маса со Владата на Грција и учесници од регионот, оваа година е посветена на темата „Европа: Зајакнување...

Се огласи момчето кое Федерер го удрил со тениско топче во лицето: „Јас чекам 14 години извинување, а Новак е дисвалификуван“

Веста која што деновиве ја подигна јавноста на нозе е дисквалификaцијата на Новак Ѓоковиќ од УС Опен. Да ве потсетиме, српскиот ас случајно ја погоди...

Драстичeeн пад во бројката на новозаболени, но дрaaстично помал број и на тестови

Во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 24 Куманово 6, Дебар 4, Штип...

Заев: Оваа година слободни и отворени кон светот ја славиме независноста

Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, нека ни е честит и вековит 8 Септември - Денот на независноста! Пред 29 години, на 8 септември, граѓаните...

Ќе бидам мост помеѓу извршната власт и сите независни регулаторни или тела со изворни надлежности во борбата против корупцијата, криминалот и ставањето ред во самите институции и едно по едно ќе ги решаваме прашањата. Сите чинители во овој сектор може да сметаат на мојата целосната поддршка дека ќе бидам сервис преку мојата нова позиција и дека ќе им бидам силен партнер и од помош на институциите за што побрзо да ги отстраниме сите недоследности, порача денеска вицепремиерот за за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. – Не може да дозволиме еден софтвер и некоја неповрзаност на институции или техничка работа да бидат пречека и оправдување за нефункционирање на одредена иснтитуција или за немање резултати во борбата против криминалот и корупцијата која е суштинска ако сакаме да ја кренеме економијата и да ја вратиме довербата и на граѓаните и на младите, рече Николовски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата. Тој посочи дека требаше 30 години да чекаме да дојде генерација на политичари за, како што рече, да тргнат работите напред, да станеме членка на НАТО и да почнат преговорите со ЕУ. – Дел сум од таа генерација која не сака да чека и даде поддршка на сите процеси. Кога ги решивме крупните работи за оваа земја и кога ја осигуравме иднината сега на ред е да си ги средиме работите внатре и да ги отстраниме нефункционалностите. Преку оваа координативна улога што ја имам мислам дека Финансиската полиција, Управата за финанскиско разуанавање, Управата за јавни приходи, Царинската управа и и нспекторатите сериозно ќе го зголемат капацитетот и учинокот во самата работа зашто ќе има некој кој ќе им виси и ќе бара отчет, план за работа, извештаи, постапување и кој ќе ги координира. На тој начин ќе ги зголеми напорите за ефекти на овие институции, рече Николовски. Тој порача дека треба да се избегнат сите човечки влијанија и да се отстранат сите слабости и дефекти на системот и да се намали корупцијата и криминалот, но при тоа како што истакна, треба и да има поврзаност меѓу самите институции. – Ќе се зафгатам да ги отстраниме сите работи кои нефункционираат во делот на беспрекорната борба против корупцијата, криминалот и ставањето ред во самите институции, прецизира Николовски. Тој посочи дека неговиот прв состанок по стапувањето на новата функцијата бил токму со ДКСК каде, како што истакна, бил информиран дека постапката за набавка или за меѓународна донација за софтверско решение за поврзаност со 17 институции е стопирана и оти тоа е една од пречките за функционирањето на Антикорупциската комисија. Тоа, како што рече е нешто што не е дозволиво ако се сака ефективна борба против криминалот и корупцијата
Николовски: Борбата против криминалот и корупцијата е суштинска за да ја кренеме економијата и да ја вратиме довербата на граѓаните

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Со коронавирус се заразиле 15.925 македонски граѓани: Еве ја бројката по градови

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925, бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661,...

Николовски: Борбата против корупцијата и криминалот е суштинска за да ја кренеме економијата

Ќе бидам мост помеѓу извршната власт и сите независни регулаторни или тела со изворни надлежности во борбата против корупцијата, криминалот и ставањето ред во...

Премиерот Заев со владина делегација во дводневна посета на Атина

Конференцијата на угледниот магазин „Економист“ како тркалезна маса со Владата на Грција и учесници од регионот, оваа година е посветена на темата „Европа: Зајакнување...

Спасовски најави реконструкција на објекти на МВР заборавени и по 70 години

Министерот за внатрешни работи најави дека реформите во МВР ќе продолжат онаму каде што запреле додека тој бил технички премиер. Реформските процеси во рамките на...

Дарко Панчев за Фокус: Ова е вистината за штедачот со седумте милиони евра во Еуростандард банка

Скопјанец имал заштеда од 7 милиони евра во Еуростандард банка, и се избезумил кога ја слушнал веста дека банката пропаднала, а со тоа и...
- Advertisement -