Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија.
Патниот правец Крива Паланка – Деве Баир претставува најфрекфентна линија кон и од Бугарија и е најзначен дел од Коридорот 8. При денешната посета на општина Крива Паланка, заедно со премиерот Зоран Заев ја посетивме и локацијата кадешто интензивно се изведува реконструкција и проширување со трета лента со должина од 13 километри.




Во рамки на инфраструктурните инвестиции на Коридорот 8, предвидена е доизградбата на железницата која е поделена на три делници: Куманово – Бељаковце, Бељаковце – Крива Паланка и Крива Паланка – Деве Баир.
Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија, што е од голема важност и за унапредување на трговските и економските релации.