fbpx
18 C
Skopje

Николовски: Имаме план и стратегија за избор на претседател на Собранието, но не можеме да го кажеме пред јавноста

АКТУЕЛНО

Пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски, најави дека секој ден е можен изборот на претседател на Собранието, со што СДСМ и партиите на Албанците ќе бидат поблиску до формирање на Влада и веднаш ќе се закажат локалните избори.

„Парламентарното мнозинство нема да дозволи никој да си поигрува со граѓаните. Тие дадоа мандат за нова реформска Влада. Имаме план и стратегија, посветено работиме на планот, но не можеме да го кажеме пред јавноста. Со нашето трпение работиме да се избегне конфликт кој го посакуваат другите“, рече Николовски.

Според него само избор на Влада веднаш е решение на проблемот на земјоделците за субвенциите.

„Новата влада веднаш ќе ги ислати субвенциите на земјоделците за 2016 како и за претходните години и веднаш ќе обезбеди повисоки субвенции согласно законот. Го разбираме револтот кон криминалната власт, бидејќи си ги наполни своите џебови, но ги банкротираше земјоделците“ рече Николовски.

Земјоделските субвенции не се партиска, туку државна мерка. Проблемот на земјоделците може да им се случи на вработените во градинките, училиштата, општините кои после 15 мај остануваат без градоначалници и совети а со тоа и без плати. Затоа веднаш мора да прекине блокадата во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, порача Николовски.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -