fbpx
-5 C
Skopje

Николовски: Инспекторите добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на здравствените протоколи

АКТУЕЛНО

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

Со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите инспекторати сега добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на здравствените Ковид протоколи кои што се на сила, изјави денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Конкретно на терен, посочи тој, ако инспекторите констатираат одредено прекршување на протоколите од некое правно лице, во истиот момент ќе му биде изречена привремена забрана за вршење дејност од 10 до 30 дена.

Оваа можност законски инспекторатите ја немаа како инструмент и алатка и мислам дека е неопходна во овој период, изјави Николовски, на заедничка прес-конфернеција со претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашковска, како и директорите на државните пазарни инспекторати.

Висината на глобите, посочи тој, ќе варира во зависност од големината на правниот субјектот – мало, средно или големо претпријатие, како и соодветни глоби за одговорните лица..

Со ова сакаме да покажеме и поравично и праведност во однос на големината на субјектот и нивото на самата казна, изјави Николовски.

Состојбата, нагласи визепремиерот, е сериозна и затоа е неопходно почитување на мерките и протоколите.

Почитувањето на мерките и протоколите и инструментите кои ни стојат на располагање со измените значат дека толеранција од институциите за прекршителите нема да има, изјави Николовски.

Анализата на Инспекцискиот совет, посочи тој, е веќе направена и веќе не може да има пречки да не се јакнат капацитетите на инспекторатите.

Со овие зголемени ингеренции, навистина капацитетите мора да растат и следните чекори на Владата се да се зголеми и кадровскиот и човечки потенцијал за следната 2021 година за сите инспекторати, врз основа на оваа анализа. Владата има воља и разбирање, изјави Николовски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Доктор појаснува: Еве кога и како може да се заразите со Ковид-19 носејќи заштитна маска

„Колку почесто излегувате надвор и повеќе време поминувате во гужва, почесто треба да ја перете вашата заштитна маска или пак едноставно да ја фрлите...

Николов: Предвидуваме изградба на конзоли за пешаци на река Отиња.

За три години, локалната самоуправа предводена од СДСМ реализираше бројни капитални проекти, важни за унапредување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.Штип мора да...

Богојески распали по Груевски: Завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање

Оваа завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање... за стопирање на македонската интеграција во ЕУ... Но штом го чепнаа кај што го...

Венко Филипче со важна информација: Добивме 13.500 брзи тестови од Норвешка

Денеска добивме донација од 13500 брзи тестови од Норвешка, а 10000 од нив ќе бидат за Министерството за здравство. Оваа помош произлезе од потпишаниот...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...
- Advertisement -