Генералниот секретар на СДСМ и пратеник Љупчо Николовски упати честитка по повод Денот на Армијата – 18 август!
„Нека е честит Денот на Армијата – 18 август! Денес нашата Армија е рамноправен дел од НАТО Алијансата, а нашите припадници на Армијата активно учествуваат во обезбедувањето на светскиот мир, еднакви со војници од најсилните армии.“ – порача Николовски упатувајќи благодарност до сите припадници на Армијата.
„Им благодарам на сите припадници на Армијата што со својот ангажман силно се посветени на обезбедување на мирот и стабилноста, и зачувување на територијалниот интегритет на државата и безбедноста на сите граѓани.“ – рече Николовски.