fbpx
2.8 C
Skopje

Николовски VS Османи: Што е 3-6-9!?

АКТУЕЛНО

Што е 3-6-9?

Прва мерка: Продолжување на консултациите со претседателот на државата за пополнување на испразнетите места во дипломатско – конзуларните претставништва. Дали ова е реформа? Дали тоа што претседателот и министерот за надворешни треба да си ја работат својата работа треба да значи дека ова е реформа? – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски на „Топ Тема“ каде што беше гостин заедно со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Точка два од овој фамозен план, за кој граѓаните треба да знаат што значи е избор на нов јавен обвинител. Тоа е нормална работа во државава кога на јавен обвинител ќе му заврши мандат. Но тоа според новата власт е реформа.

Трета точка од овој план 3-6-9 е избор на членови на Уставен суд, именување на лица на раководни позиции преку транспарентна постапка во согласност со правната рамка, значи почитување на закон според оваа Влада, нешто што е нормално, е реформа.

Значи тоа што е работа на претседателот, министерот за надворешни работи, собрание на РМ, судски совет и институциите кои што треба да вработуваат во Република Македонија се вика реформа.

На сите ова кое беше изнесено од Николовски одговори вицепремиерот Османи кој рече дека ЕУ имала ургентни барања односно приоритети кои мора да се исполнат за да се врати државата во нормални води за да може во еден нормален процес.

На ова веднаш возврати Николовски кој даде нов пример за наводни реформи со кои се фали Владата на Република Македонија, а за кој тој смета дека се нормални работи кои овие инстиуции мора да ги извршуваат.

– Како се прават борби против организиран криминал и корупција од оваа Влада? Затоа што се сведува мерките на потпишување на „Меморандуми и Стратегии.“ Мерка која е реализирана и е реформа за оваа влада е потпишување на меморандум за размена на информации за потребите на истрагите меѓу МВР, ЈО и основниот суд, што инаку им е работа на овие институции да го прават меѓу себе, затоа што законски така се регулирани односите, вели Николовски.

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека за овој период од 9 месеци, кои 2 беа нефункционални поради изборите, се донеле стратегиите, акциските планови, се затворија ургентните прашања кои беа проблематични и денеска Македонија стигнала во позиција да дојдат Хан и Могерини дека има напредок.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -