4.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

Нимиц: Преговорите се за името на државата, решението не треба да влијае врз идентитетот

Медијатрот на ОН во спорот за името помеѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц смета дека прашањето за идентитетот е важна тема за Македонија, а преговорите се водат за името на државата.

Тој ова го изјави во интервју за Euronews на грчки јазик. Нимиц потенцираше дека прашањата за кои што се преговара се поврзани со името на државата, а решавањето на тоа прашање не треба да влијае врз идентитетот на граѓаните. Медијаторот истакна дека верува во решение од кое ќе бидат задоволни и двете земји.

Нимиц кажа дека на двете земји им дал пет предлози, но не исклучува можност за другите страни да достават свои идеи. Во врска со шпекулациите за ГорнаМакедонија и НоваМакедонија тој истакна дека ги прочитал тие предлози во медумите и објасни дека разговорите во моментов се водат за прашањето за одредницата.

Тој смета дека сега е време за решение и дека за 2 години ситуацијата во двете земји може да биде различна. Сепак, Нимиц не одреди конечен краен рок за решение и истакна дека ниту една страна не може да достави ултиматум.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави