fbpx
18 C
Skopje

НИШТО НЕ Е СЛУЧАЈНО: Четири нови истраги на СЈО – „Табла“, „Триста“, „Тотал“ и „Тифани“

АКТУЕЛНО

Специјалното јавно обвинителство утрово отвори четири нови истраги за финансиски криминал кој се однесува во периодот од 2008 до 2015 година, во однос со Управата за јавни приходи и Министерството за финансии, кои извршиле измама поради што неколку правни и физички лица се здобиле со имотна корист на име на Буџетот.

Првата истрага е по предмет „Табла“ кој се однесува за директор на основно училиште „Реџо Тужит Зајази“ во кичевското село Зајас во 2006 година. Тој без постапка за јавна набавка овозможил противправна имотна корист од 200.000 евра.

Вториот предмет „Триста“ е поради злоупотреба на службена положба на заменик министер на МВР, кој во врска со јавна набавка на 300 возила го оштетил буџетот на државата со 453.570 евра.

Во третиот предмет „Тотал“ станунва збор за даночно затајување од физичко лице кое е сопственик и управител на агенциите „Тотал“ ДООЕЛ Скопје, „Медиа макс“ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ Скопје.

Последниот четврти предмет „Тифани“ е за физичко лице исто така сопственик и управител на „Смарт центар ДООЕЛ експорт импорт Скопје“ и агенцијата „Смарт“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -