21.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Нобелов институт: Кандидатурата на Трамп е најверојатно лажна

Норвешкиот институт Нобел побара денеска од полицијата да истражи веројатно лажна кандидатура за американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир.

Трамп е номиниран заради неговата „идеологија за мир со примена на сила“ од анонимен Американец, јави Би-Би-Си.

Директорот на Институтот изјави дека постојат сомнежи дека номинацијата на Трамп најверојатно е лажна.

– Можам да кажам дека имаме добра причина да веруваме дека номинацијата на Трамп е лажна, изјави Олав Нјолстад, директор на Нобел институтот.

– Иста лажна номинација за него беше доставена и лани, додаде тој.

Номинациите за Нобеловата награда за мир мораа да бидат доставени до 31 јануари, а добитникот ќе биде соопштен во октомври. Кандидати за наградата може да предлагаат членови на парламенти и влади, поранешни добитници и некои универзитетски професори.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -