9 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Прекрасна емоција: Аплауз за Мила во детската клиника

Многу мила, една мала Мила! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш...

Синот на претседателот позитивен на корона вирус – тој му упати моќна порака

Данило Вучиќ, синот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е примен на Инфективна клиника поради коронавирус. Дека Данило е болен, соопшти лично српскиот претседател преку...

НОВ ПРАВЕЦ: Како до обединување на конзервативците преку нова стратегија

Македонските конзервативци се дел од неколку дневната политичка академија на New Direction, една од најголемите светски организации, основана директно од Маргарет Тачер во 2010 година. Оваа година академијата се одржа во Дубровник, Хрватска и на истата зборуваа повеќе говорници меѓу кои:

  • Робин Харис, автор и специјален советник на Маргарет Тачер
  • Матиас Карлсон, лидер на Шведските Демократи
  • Афзал Амин, бизнисмен и поранешен офицер во Британската Армија

Академијата беше отворена од страна на извршниот директор на Нов Правец (New Direction) Навид Кан и Ружа Томашич, член на Европскиот Парламент. Во воведниот дел беше истакната потребата за обединување на конзервативците низ Европа и светот, за јакнење на врските помеѓу разните конзервативни движења и како да се промовира конзерватизмот според реалната слика, а не според тоа како левицата низ светот настојува да го прикаже.

Првиот говорник беше Робин Харис, британски политичар и автор, поранешен специјален советник на Маргарет Тачер. Тој моментално живее во Загреб каде што е дел од раководството на Центарот за Обнова на Културата (Centar za obnovu kulture), чија основна цел е промоција на слободата, слободниот пазар и конзерватизмот. Робин зборуваше на тема „Разбирање на креирањето политики и размислувањето како конзервативец“. Тој накратко ги опиша успесите на Маргарет Тачер и сите проблеми со кои се соочувал британскиот народ пред победата на Конзервативците во 1979. Ја истакна потребата од силни лидери како Тачер, како и важноста и бенефициите од конзерватизмот за една држава.

  • ,,Конзерватизмот не е само идеологија, туку цела филозофија, тоа е посебен вид на приод кон разбирање на човековата природа”
  • ,,Конзерватизмот е единствената порака која носи стабилност и просперитет”
  • ,,Приоритетот на конзервативците денес е работење во нашето општество за да ги истуркаме нашите вредности и да се осигураме дека моќта се враќа кај националните држави”
  • „Падот на Берлинскиот ѕид, а воедно и на комунизмот, можеме да ги наречеме победа на либерализмот. Но потоа, самиот либерализам се подели на две групи – на класичен либерализам, кој ние како конзервативци го прифаќаме, и левичарски, глобалистички либерализам кој, исто како и социјализмот, е во крајна спротивност на конзервативните вредности”

Матиас Карлсон, лидер на Шведските Демократи, во своето обраќање ги посочи проблемите со кои Шведска се соочува. Преку примери од реалноста во неговата земја ги истакна опасностите од претераното форсирање на левичарските политики и културниот марксизам. „Кога ја формиравме нашата партија, не можевме да кажеме дека живееме во демократија. Наши членови и активисти беа напаѓани во своите домови со молотов-коктели, со ножеви и метални шипки. Такво нешто не се случува ниту во земјите како Унгарија и Полска, за кои левицата тврди дека се полни со националисти, шовинисти и расисти”. Како главен проблем за тоа зошто конзерватизмот е се уште недоволно атрактивен во некои земји, тој наведе дека конзервативните партии, организации и тинк-тенкови не вложуваат доволно напори во тоа да ги придобијат младите луѓе. Наведе дека студентските и еколошките движења се целосно во рацете на светската левица и тоа во иднина треба да се смени.

Последниот од странските говорници беше Афзал Амин, поранешен офицер во Британската Армија, кој зборуваше за патриотизмот, граѓанскиот и етничкиот национализам. „Слободата беше победник во битката помеѓу Западот и Истокот во Студената Војна, ни денес постои опасност од губење на овие слободи”. Беа истакнати неколку поенти во врска со граѓанскиот национализам и етничкиот национализам, наведувајќи дека и двете имаат свои позитивни и негативни страни и дека ние како конзервативци треба да го изнајдеме компромисот помеѓу нив.

Конзерватизмот станува се попопуларен најмногу поради разочарувањето низ Европа од левицата и очигледните неуспеси на политиките на културниот марксизам и отворените граници. Конзервативците успеаа да понудат алтернативни решенија во полињата над кои левицата има „монопол” веќе неколку децении. Прашањата од областа на екологијата се повеќе се разгледуваат и од поинаква перспектива, нешто што до сега не можеше да се сретне. Сликата која левицата ја создаде сама за себе, градејќи стереотипи дека тие се „добрите момци”, а конзервативците се насилни и заостанати се повеќе се разобличува, а нивното вистинско лице излегува на виделина. Тврдењата дека тие се прогресивна и демократска сила лесно се побиваат со проста опсервација на тоа како тие (не) ја прифаќаат волјата на народот искажана на гласање или референдум, или пак преку отворена манифестација на чувствата кон една крајно тоталитарна идеологија како што е комунизмот. Заложбите на конзервативците за повеќе работа, соработка и активизам низ Европа треба да ги пренесеме во Македонија и да ги промовираме идеите на модерниот конзерватизам како единствена алтернатива за победа над сите неправди со кои се соочуваме.

Пишува: Бојан Никовски, дел од здружението Идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК при Conservative.mk

Latest Posts

(ВИДЕО) Прекрасна емоција: Аплауз за Мила во детската клиника

Многу мила, една мала Мила! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш...

Синот на претседателот позитивен на корона вирус – тој му упати моќна порака

Данило Вучиќ, синот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е примен на Инфективна клиника поради коронавирус. Дека Данило е болен, соопшти лично српскиот претседател преку...

АКТУЕЛНО

(ВИДЕО) Прекрасна емоција: Аплауз за Мила во детската клиника

Многу мила, една мала Мила! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш...

Синот на претседателот позитивен на корона вирус – тој му упати моќна порака

Данило Вучиќ, синот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е примен на Инфективна клиника поради коронавирус. Дека Данило е болен, соопшти лично српскиот претседател преку...

Тажна вест: Родилка не ја издржа борбата со корона вирусот, бебето е во добра состојба

Најновата вест е пренесена од страна на Министерството за здравство. Министерството за здравство со големо жалење ја информира јавноста дека предмалку почина родилката позитивна на...

(ВИДЕО) Градоначалникот раскажа: Направив тестови во две приватни болници – резултатите беа различни

Тој за Канал 5 вели дека се чувствува добро и е без симптоми. Иста е состојбата и со неговата сопруга. Двајцата се тестирале откако...

Македонија конечно има прв официјален спортски канал

Македонската радио телевизија информира дека после големи подготовки и преземени активности со задоволство ве известува дека почнува со емитување на 4 нови телевизиски канали...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.