fbpx
-6 C
Skopje

Нова аудио бомба: Јанакиески и Николоски договараат сообраќајка на патот Охрид-Кичево

АКТУЕЛНО

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

На Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ денеска е објавена аудио снимка од телефонски разговор помеѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и актуелниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, пренесе А1он.

 

Во разговорот се слуша како Јанакиески му предлага на Николоски да организираат сообраќајна незгода на превојот Пресека на патниот правец Кичево – Охрид, со цел да спречат поголема група Албанци да пристигнат на гласање на локалните избори во Кичево во 2013 година, кои претходно требало со два авиони да слетаат на охридксиот аеродром.

Разговорот почнува со зборовите „кажи шефе“, со кои Николоски му се обраќа на Јанакиески, кој пак му вели:

„Александар слушај сега, идеја со Горде ја зборевме. Има два авиони Шиптари слетуваат сега во четири-четири и пол. Да направиме една сообраќајна несреќа кај Пресека, ситна. Да се коли, па МВР увид, ваму-таму, трактор да се испреврти, нешто, сериозно ова ти го зборувам“.

На ова Николоски одговара дека нема ништо против идејата и предлага на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска да и рече тоа за да го организираат „нејзините од МВР“.

– Ќе се организира таа работа, не ми е проблем, вели Николоски.

На ова Јанакиески прашува дали „не може некој од членството да излезе да чукне некој трактор со кола, пополека“. Николоски одговара дека ќе му рече на извесен нивни член од Кичево да го организира тоа.

– Јави му се…, ама негде накај Охрид, нека направи, ајде, вели Јанакиески. Николоски прашува кога слетува авионот, на што Јанакиески одговара „во четири“.

Сличен разговор беше презентиран и во судскиот процес за предметот „Титаник“ за изборни измами пред две години, на кој се слушаа предлозите на Јанакиески и Јанкуловска на денот на изборите, 24 март 2013 година, некои членови на ВМРО-ДПМНЕ да превртат трактор или пак да истурат песок од камион за целосно да го блокираат патот Кичево – Охрид, бидејќи како што велат Албанците „од аеродромот одат со автомобили, а не со автобуси“.

Потеклото на овие снимки кои се објавуваат на повеќе новокреирани канали на Јутујуб не е познато. СДСМ, како што изјави во интервју за МИА, лидерот на партијата Зоран Заев  веќе поднела кривична пријава до Обвинителството за сите објавени бомби од почетокот на кампањата, па досега, на Јутујуб каналите.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Д-Р ЛАЗАРОВ РАСПАЛИ: СЕ ЗАЦРНИЈА ЦЕЛИ СЕМЕЈСТВА ЛУДАЦИ ЕДНИ, ЈЕАЛЕ ВЕ KАФАНИ

Се распадна општеството во скоро секој сегмент, економски колабираме, образованието е суспендирано а медицинарите се фрлени во оган веќе година дена без пауза, лек...

Kолку долго се чува свeтата вода: Еве што треба да направите со неа после Водици

Прочитај повеќе во продолжение За време на вчерашниот ден верниците од црква земаат осветена вода, но дали знаете што треба да направите со старата света...

Нов силен земјотрес : Овој пат во Албанија

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија. Според веб-страницата на ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени според...

Јапонски оперски пејач ја пее „Ако уmрам ил загинам“ (ВИДЕО)

Јапонски оперски пејач Казухиро Котецу кој неодамна ја испеа „Македонско девојче“, сега објави видео во кое ја пее „Ако умрам ил загинам“ од легендарниот...

Еве kако Трамп посакал да биде испратен од Белата куќа

Американскиот претседател во заминување Доналд Трамп ќе полета од Вашингтон четири часа пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Цо Бајден, соопшти Белата куќа. Трамп и...
- Advertisement -