fbpx
28 C
Skopje

Нова рунда на телевизиско соочување: Милошоски и Спасовски во комбинација со Џафери!

АКТУЕЛНО

Интересна дебата меѓу тројца високи претставници на најголемите македонски политики партии Антонио Милошоски и Оливер Спасовски и Талат Џафери, како претставник од ДУИ, се одвиваше вечерва на дебатната емисија Топ Тема на Телма.

На дебатата тие разменија свои мислења, Спасовски и Џафери го обвинуваа Иванов како некој кој го крши Уставот и ја пролонгира кризата во Република Македонија.

Џафери вели дека доколку Иванов смета дека е загрозен суверинетот и интегритетот на државата, тогаш тој како претседател наместо да излегува на прес-конференција требало веднаш да прогласи воена состојба во државата. Тој додаде дека многу ги почитува граѓаните кои протестираат, бидејќи тоа е и негова земја, но според него простор за грижа нема бидејќи суверинетот и интегритетот на државата не се загрозени. Според Џафери, Иванов како претседател ги узурпира сите пренадлежности кои не му припаѓаат.

„Доколку Иванов има сознанија дека е загрозен суверинетот тој  требаше да прогласи воена состојба, има надлежност да покрене инцијатива за прогласување воена состојба“, тврди Џафери.

Оливер Спасовски смета дека Иванов го руши уставниот поредок и ги зголемува тензиите во државата.

„Тој носи скандалозни одлуки“, рече Спасовски, спомнувајќи ја како пример одлуката на Иванов за аболиција и за недавање на мандатот на Зоран Заев.

Милошоски му возврати на Оливер со контра прашање дали кога Црвенковси ја донесе аболицијата за Зоран Заев, тоа не беше скандалозна одлука, во корист само на СДСМ и нивните интереси.

„Вие штите лустрирани удбашки структури кои правеле голема штета на граѓаните на Република Македонија, престанете да ги штите. Дали одлуката на Црвенковски за аболиција на сегашниот лидер на СДСМ не е скандалозна сама по себе“, возврати Милошоски на обвинувањата на Спасовски за улогата и работата на претседателот Иванов.

Што се однесува до работата на СЈО, Спасовски и Милошоски разменија неколку зборови, упатувајќи си критика и обвинувајќи се себеси.

„Ова обвинителство работи под партиска нарачка. Нема претставник на друга политичка партија за која се иштанцани обвиненија освен партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ. Ако СЈО продолжи да ги тера партиските агенди за да го извади од судските обвиненија Зоран Заев, тогаш тоа е веќе друга надлежност за која не сме разговарале“, рече Милошоски.

Милошоски истакна дека загриженоста на граѓаните е реална и го праша соговорникот од ДУИ, Талат Џафери зошто само го обвинува Иванов, а не и Еди Рама, кој според него буквално се меша во внатрешните работи на Република Македонија, а со тоа го загрозува суверинетот и интегритетот на државата.

Спасовски се осврна на актуелната политичка состојба која според него и те како може да влијае на економијата во државата. Според него единствен човек кој може да го спречи негативното влијание и да овозможи разрешница на кризата е токму претседателот Иванов.

„Во однос на сите досегашни активности, очигледно е дека политичката криза добива на интензитет, таа не се намалува. Договорот од Пржино беше да договориме фер и демократски избори, да се формира новата Влада и на тој начин мирно да заврши кризата во Република Македонија. Иванов мора да се вразуми и да не го узурпира Уставот, а со тоа да помогне кризата да се надмине. Да ја земеме како пример економијата. Ако доживееме колапс на економијата, ако доживееме колапс на фирмите само заради тоа што на Иванов му текнало да дејствува и да работи, но и да измислува приказни поради кои не го почитува Уставот ние ќе дојдеме во ситуација да не може да преживееме како држава, бидејќи ќе немаме економски ресурси. Денеска Владата најави 75 милиони евра задолжување. Тоа мора да престане“, предупреди Спасовски.

За разлика од него, неговиот колега од се уште владејачката ВМРО-ДПМНЕ вели дека токму туѓите платформи се оние кои го иритираат народот и кои можат да се рефлектираат на меѓуетничките односи и на иднината на државата.

„Доколку Македонија инсистира на етнички платформи да бидат услов за состав на нова Влада тоа ќе се рефлектира на меѓуетничките односи. Не се луѓето излезени на улица затоа што немаат попаметна работа. Некој има мотив, загриженост, исто како што ние тврдиме дека имаме грижа за ситуацијата во државата. Не може за секој неуспех во државата да обвинувате еден човек и една политичка партија, не може изговор да биде само претседателот Иванов, тој да биде претставуван како кршител на Уставот, а имаме претседател на политичка партија (во случајот Заев) кој не се појавува на суд и не го признава судот во сопствената држава. Од нас политичарите би било добро да дејствуваме на начин кој нема да предизвикува големи тензии. Помалку тензии ќе има ако има помали шпекулации“, вели Милошоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да поддржат малцинска Влада која би ја предводела СДСМ, без да се загрози суверинетот и унитарноста на државата.

„Сега збориме за злоупотреба на граѓаните а таа забелешка доаѓа од луѓе кои две години протестираа, повредија 39 полицајци, кршеа и демолираа државни институции, блокираа патишта и улици. Хипокризија е некој да го обвинувате за насилство, а вие тоа да го имате направено назад и го имате веќе во вашето политичко досие“, заврши Милошоски.

 

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -