21 C
Skopje

Новак Ѓоковиќ со емотивна порака до сите луѓе на светов: Ве молам, останете дома во карантин, помогнете на луѓето во критична состојба

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ги повика сите луѓе да останат дома и така да им помогнат на докторите, а дополни и дека моменталниот карантин треба да го користат за личен развој и да се посвети на работите за кои обично „нема време“.

„Се молам за сите луѓе, особено за оние на кои сега најмногу им треба поддршка и молитва. Да се лекуваме и да дозволиме сите заедно да го надминеме овој вирус. Се наоѓаме во тешко и предизвикувачко време. Многу луѓе страдаат и сега е потребно сите ние да се обединиме и колективно да разбереме што е најдобро за нас да станеме поздрави, помудри и благодарни од сето ова. Благодарен сум за големата посветеност и енергија што ја вложуваат трудољубивите и благородни луѓе во медицината за да им помогнат на голем број луѓе кои имаат потреба од тоа“, вели Ѓоковиќ и продолжи.

„Ве молам, останете дома во карантин, особено за да помогнете на луѓето во критична состојба. Да се обидеме да не ги оптоваруваме уште повеќе. Искрено, сметам дека карантинот за многу луѓе сега е добредојден. Мене ни дозволува да поминам квалитетно време со својата фамилија. Да се смеам, да ги сакам, да се гушкам со нив. Да сфатам колку едноставните работи го прават животот исполнет и комплетен. Постојаното патување е карактеристично во денешно време, а сега, со останувањето дома не само што ќе помогнеме вирусот да не се рашири, туку имаме можност да се посветиме на себе и со сите потиснати емоции, потсвесните програми за кои никогаш се нема време. Наметнатата ситуација е потсетник дека треба да работиме на себе. Да пронајдеме мир, да го вежбаме својот ум да мислиме на среќни и позитивни мисли што почесто, да се молиме, да читаме, да пишуваме, да пееме, играме, свириме… Сето тоа во корист на подигнување на личните вибрации, а со самото тоа и на вибрациите на целата планета и сите луѓе, животни и нашиот еко-систем“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Заев: Го добив мандатот, се подготвувам да бидам премиер 4 години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање изјави дека утрово имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети Денеска го добивам мандатот...

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...
- Advertisement -