fbpx
17.8 C
Skopje

Нови локални раководства на СДСМ во источниот регион

АКТУЕЛНО

Нови локални раководства на СДСМ во Регионот. Најголемата општинска организација, онаа во Штип, ќе ја раководи Никола Тушев кој доаѓа на местото на Владимир Милошев.

Тушев, на позицијата прв човек на општинската организација доаѓа , откако претходно се промовираше како шеф на изборниот штаб на Благој Бочварски:

  • Во периодот што следува ќе го формирам мојот тим и во иднина како претседател на ОО, ќе се потпирам врз принципите на чесност и транспарентност, како и на суштинска внатрепартиска дебата во донесувањето на партиските одлуки, изјави Никола Тушев , прет. на СДСМ – Штип.

За претседател на СДСМ Делчево на местото на досегашната претседателка и пратеник во македонскиот Парламент, Мира Стојчевска, е именуван Влатко Величковски дипломиран криминолог и актуелен советник во советот на Општина Делчево. Во општинската организација во Пехчево е именуван Николчо Јовчев кој е и актуелен претседател на Советот на  Општина Пехчево, а тој го замени досегашниот претседател кој е и актуелен градоначалник на Пехчево, Драги Тренчовски.

Од старите претседатели остануваат само Драган Анастасовски во Пробиштип кој е и актуелен градоначалник и Јован Матеничарски во Берово:

  • Благодарност до претседателот Зоран Заев што ми даде повторно доверба да ја водам ОО и во наредниот период и ќе продолжам таму каде се уште не сум застанал, односно да ја водам Партијата во понатамошни победи, кажа Јован Матеничарски, прет. на СДСМ – Берово.

На ново или на резибор на старото раководство се чека само ушпте во Кочани, каде конечната одлука околу тоа кој во иднина ќе ја води партијата, се уште не е донесена.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -