16 C
Skopje

Нови мерки: Свадби да, но со 20 лица најмногу, ограничувања на бројот на луѓе при собири на отворено во Грција

АКТУЕЛНО

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...

Костадинов: 470 милиони рвра изнесува четвртиот пакет антикризни мерки за граѓаните

Ребалансот на Буџетот за 2020 година обезбедува навремена и ефикасна помош за работниците, ранливите категории граѓани, но и за компаниите погодени од коронакризата, изјави...

Дополнителни мерки кои Грција ќе ги преземе во областа Атика предвидуваат ограничување на бројот за време на приватни семејни собири, како и ограничување до девет лица за движење на отворено.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, денеска соопшти дека се откажуваат концерти и кино проекции во затворени сали, а дозволени се најмногу 20 лица на свадби, крштевки и погреби. Дури 40 отсто од вработени во приватниот и јавниот сектор задолжително ќе работат на далечина.

Мерките стапуваат на сила во понеделник, а ќе важат до 4 октомври и се донесени поради тоа што од 4 084 активни случаи во Грција, повеќе од половина, односно 2 100 се во областа Атика, а 966 се во општина Атина.

Хардаљас рече дека податоците покажуваат дека во конкретната област постои голема раширеност на коронавирусот меѓу вработени во приватниот сектор (29,07 отсто од заразените). Веднаш зад нив, се пензионерите и невработените со по 13 проценти.

Препораката на грчката Влада до оние кои се над 65 години или припаѓаат на ранливите категории е во следните 14 дена да ги ограничат движењата, да избегнуваат користење на јавен превоз и да избегнуваат контакти со други луѓе.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 339 нови случаи на ковид-19, а починаа две лица, со што бројот на заразени се зголеми на 14 738, а на починати на 327 лица.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Регистирани 33 деца позитивни на коронавирусот: Состојбата во градинките е под контрола

Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона-вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација...

Османи: Се надевам дека следната недела ќе седнеме да разговараме со Захариева

Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме со министерката Екатерина Захариева, бидејќи навистина се ближат деновите кога...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...
- Advertisement -