fbpx
-5 C
Skopje

Нови услови за македонските возачи кои ќе направат сообраќајка во Германија

АКТУЕЛНО

Заев: Југославија не подели, ако Гоце Делчев го немаше, мораше да го измислиме за да нѐ обедини

Треба да создадеме позитивна атмосфера за младите да го користат ова минато како отскочна даска за подобра иднина во наредниот период. Бугарија не е...

Николовски на онлајн состанок со градоначалниците:Нашата мисија е постојано да им служиме на граѓаните и од тоа отстапка нема

Генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупција Љупчо Николовски вечерва одржа одржа онлајн состанок, редовна координација со градоначалниците од редовите на...

Исходот од резултатите за Ковид-19 изминатите 24 часа: 3349 лица биле тестирани, позитивни се 1288

Во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, а регистрирани се 1288 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 570, Куманово 57, Дебар 8, Штип...

Замина еден од најдобрите: Фудбалскиот свет е во шok – почиnа фудбалерот Диего Марадона

Аргентинските и светските медиуми објавија дека денеска во својот дом почиna еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона. Си-Ен-Ен Бразил и „Кларин“...

Македонските возачи во Германија во случај на сообраќајна несреќа ќе можат да направат побрз и поефикасен надомест на штета, со Спогодбата за заштита на посетители потпишана од помеѓу националното биро за осигурување на Република Македонија и Германското биро за зелена карта.

Спогодбата, која важи и за германските возачи при евентуална несреќа во Македонија, стапи на сила на 1-ви овој месец. Спогодбата ја потпиша генералниот директор на Националното биро за осигурување на Република Македонија Трајче Латиновски и директорката на Германското биро за зелена карта, Сандра Шварц.

Со Спогодбата е предвидено оштетеното лице, кое претрпело штета на територијата на другата држава, по враќање во матичната држава, да се обрати во своето национално биро за осигурување, кое во соработка со бирото на државата во која се случила незгодата, ќе овозможи побрзо собирање на документи и информации потребни за остварување на правата за надомест на штета.

Конкретно, Бирото за зелена карта од државата од која е оштетеното лице, ќе достави до Бирото на државата на настанување на незгодата, барање да се изврши идентификација на осигурителното друштво на причинителот на штета, идентификација на возачот или сопственикот на возилото на причинителот на штета, доколку во период од шест недели не било можно да се утврди осигурувачот, да се обезбедат документи што се неопходни или помагаат во остварување на правото на надомест на пример полициски записник и да се достават детаљи за Гарантниот фонд на земјата каде што се случила незгодата со, секогаш кога е тоа можно, објаснувања и корисни информации.

Од Националното биро за осигурување наведуваат дека Спогодбата за заштита на посетители е така креирана да им пружи на државите надвор од ЕУ, можност да обезбедат дополнителна заштита и помош на своите граѓани кои со моторни возила патуваат на територија на други држави.

Спогодбата се потпира на најдобрите одредби од четвртата и петтата Директива за моторни возила на ЕУ, кои се впрочем познати по тоа што се, во најголема мера, посветени на заштита на трети оштетени лица. Се смета дека овој механизам е најблизок модел кој постои за државите на ЕУ и дека потпишувањето на овој документ е добар начин државите што се надвор од ЕУ да се подготват за пристап кон Унијата, во делот на прекуграничниот сообраќај на моторни возила.

– Потпишаната Спогодба претставува големо олеснување за возачите од двете држави, бидејќи веќе нема да мораат да ги нарушуваат или одлагаат своите деловни или туристички планови, за да ја наплатат штетата. Во иднина, тие ќе можат правото на надомест да го остварат и по враќањето во матичната држава, со помош и асистенција на националните бироа.

Покрај тоа што претставува исчекор во заштитата на граѓани, осигурителните друштва и возачите, Спогодбата дополнително ќе ја унапреди и соработката помеѓу двете држави, преку унапредување на транзитот, туризмот и прометот помеѓу Република Македонија и Република Германија, изјави генералниот директор на Националното биро за осигурување Трајче Латиновски.

Вакви спогодби Националното биро за осигурување на Република Македонија има потпишано и со националните бироа на Грција, Турција, Швајцарија, БиХ, Црна Гора, Луксембург, Србија, Хрватска, Бугарија , Словенија и Албанија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Заев: Југославија не подели, ако Гоце Делчев го немаше, мораше да го измислиме за да нѐ обедини

Треба да создадеме позитивна атмосфера за младите да го користат ова минато како отскочна даска за подобра иднина во наредниот период. Бугарија не е...

Ковачевски: Не ни треба еуфорија и национализам, ни треба решение со Бугарија

Без да можам да алудирам на самото интервју на Зоран Заев и на реакциите кои следувале после тоа, мислам дека Договорот со Бугарија е...

Јоци: Разликата меѓу комуњари и вмројни е следна

Разликата меѓу ,,комуњари" и вмројни, е што на овие ,,нашиве" не им даваме да дишат и ќе ги шетаме по гаќи ако треба и...

Богојески го нарече Миленко “козарот”? Упати прашања и до бугарската министерка Захариева

Дали утре на антибугарашкиот и антизајков митинг, организиран од мицињата, конечно ќе го видиме и Бугарскиот Конзул во Македонија?!? Бојко Борисов и пресветла госпожа...

Со кого била Цеца пред да биде со Арkан

Поранешното момче на Цеца со кое била пред Аркан, прозборе за се што тие поминале заедно. За српскиот Течеграф тој вели дека таа три...
- Advertisement -