24 C
Skopje

Не е лесна ниту новинарската работа: Новинарка известуваше од Драч 60 часа носејќи го тримесечното бебе во раце (Видео)

АКТУЕЛНО

Клодијана Хакај, новинарка од Драч поминала 60 часа на терен и сето тоа со тримесечно бебе.

Откако останала без станот во земјотресот кој во вторникот го погоди Драч, Албанија, за неа не останало ништо друго освен да го земе микрофонот и да известува за своите сограѓани.

Таа била на терен околу 60 часа, како и многу нејзини колеги.

Сепак таа била малку поинаква од другите, каде и да одела да известува со себе го носела своето три месечноо бебе. Нејзината тримесечна ќерка беше во секоја улица и во секој дом што новинарката го посети.

Клодијана е една од нние жители од Драч кои останаа без дома по силниот земјотрес.

Нејзиниот стан е целосно уништен, испукани ѕидови, излупен плафон, врата и прозори искршени.

Извор: Press24

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -