5.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Новиот договор на Меси ќе му наштети највеќе на Ливерпул

Еден од најдобрите фудбалери на светот Лионел Меси пред неколку дена официјално го продолжи договорот со Барселона.

Сагата меѓу Меси и каталонскиот клуб траеше неколку месеци, а на радост нанавивачите оваа приказна е завршена во најдобар момент. Во Барселона летото објавија дека Меси потпишал нов договор, но на крајот сепак се испостави дека тоа не беше точно, што предизвика паника на Камп Ноу.

Договорот на Меси важи до крајот на сезоната и аргентинецот имаше право да преговара со другите клубови на почетокот од оваа година. Меѓутоа, Меси одлучи да остане во клубот во кој е од мали нозе, па со Барселона потпиша договор кој важи до летото 2021. година со откупна клаузула од 700 милиони евра.

Челниците на Барселона во најдобар момент го решија овој проблем бидејќи сега можат да размислуваат за засилувања во зимскиот преоден рок. Мундо Депортиво пренесува дека новиот договор ќе им “наштети“ на Ливерпул бидејќи Барса сега сите сили ќе ги насочи токму кон купување на Филипе Кутињо.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -