fbpx
15 C
Skopje

Новиот министер за внатрешни работи ќе се знае попладнево

АКТУЕЛНО

Лидерите на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ попладнево ќе одржат состаноци на кои Христијан Мицкоски ќе ги консултира Зоран Заев и Али Ахмети за предлог-кандидатот за министер за внатрешни работи во техничката влада. Во 16 часот Мицкоски ќе се сретне со Ахмети, а во 17 часот и со Заев, по што се очекува да се знае името на новиот шеф на МВР.

Законот предвидува во Владата за спроведување на изборите, која се формира 100 дена пред гласањето, министерот за внатрешни работи да дојде на предлог на опозициската партија со најголем број пратеници во Собранието, во случајот ВМРО-ДПМНЕ.

Притоа, Законот вели дека за решението за МВР, ВМРО-ДПМНЕ претходно треба да се консултира со двете партии со најголем број пратеници – СДСМ и ДУИ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -