fbpx
6 C
Skopje

Новогодишен мјузикл “Dance Team Fusion” и „Перципио” во Куманово

АКТУЕЛНО

Денес во театарот во Куманово се оддржа новогодишен мјузикл ,, Dance team fusion” и ,,Перципио” инспирирани од тажната приказна за сирачето Ени.

,,Приказната за Ени се случува во триесеттите години во Њујорк, за време на големата економска криза, позната како Големата Депресија. Уште како бебе, родителите ја оставиле Ени пред портите на сиропиталиштето, со писмо во кое и ветуваат дена еден ден ќе се вратат по неа. Тешкиот живот на сирачињата во домот дополнително им го загрозува строгата воспитувачка г-ца Хениген. Но, шармантната и досетлива Ени ќе успее да си најде свој дом во семејството на милјардерот Оливер Ворбакс.’’

Тажната приказна на Ени ја дели и малата Ана Марија од с.Макреш. Ана Марија има само 20 месеци и живее под старателство на нејзините баба и дедо. Ова мало тричлено семејство живее во многу лоши услови. Потребна им е финансиска помош за да можат да си обезбедат основни средства и да и обезбедат подобри услови на малата Ана Марија.

foto

Сите кои не успејаа да го гледаат првото издание на новогодишниот мјузикл ,,Dance team fusion’’ и ,,Перципио’’ и да донираат за малата Ана Марија можат да го гледаат второто издание денеска со почеток од 19:00h во Театар Куманово.
Исто така кој е во можност може да донира во просториите на ,,Dance team fusion’’ или можете да ги контактирате на нивната официјална страна на facebook.

foto

foto

foto

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -