fbpx
12.8 C
Skopje

НСДП: Трансферот на власта се покажува како проблематичен само за криминалците

АКТУЕЛНО

„Пласирање на идеите за одржување на лидерска средба како начин за деблокада на институциите на системот и излез од лимбо ситуција во која ВМРО-ДПМНЕ ја турна Македонија, за НСДП е неприфатливо и непотребно за тоа што седнувањето на маса со криминалци ќе значи враќање на состојбите во државата од пред две години, дури и полошо од тоа.

Смислата и целта на политичките преговори кои се одвиваа во Пржино беше излезот од политичката криза да го дадат предвремени парламентрни избори и тоа е постигнато. Се одржаа избори чиј кредибилитет и резултати не беа оспорен од ниту еден учесник, вклучително и од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што резултатите не му се допаѓаат на Никола Груевски е негов личен проблем и не може да биде проблем на целата држава. Мнозинството граѓани јасно и недвосмислено се изјаснија дека во Македонија треба да се отвори ново политичко поглавје во кое демократијата и владеењето на правото ќе бидат на пиедесталот, а не криминалот и корупција.

Од перспектива на демократските вредности и уставните норми ситуацијата е јасна, формирано е ново и легитимно парламентарно мнозинство кое треба да биде преточен во извршна власт. Оваа ситуација не може и несмее да биде предмет на било какви преговори, затоа што на тој начин ќе се доведе во прашање и волјата на мнозинство граѓани, кои согласно Уставот се извор и носители на суверенитот во државата, што значи дополнителен удар врз деморкатските темели и вредности.

Очигледно е дека трансферот на власта се покажува како проблематичен само за криминалците, за оние кои се плашат од профунционирањето на правната државата. Во овој контекст, разбирливо е однесувањето на Никола Груевски, но неразбирливо е зошто Али Ахмети толку себично изминативен четири месеци се обидува да му помогне на својот довчерашен коалицонен партнер кога токму „албанскиот“ електорат го казни за дружбата со него.

Однесувањето на лидерот на ДУИ и неговото барање за лидерска средба, дополнително е нереазбирливо во ситуација кога меѓународната заедница тежиштето на излезот од политичката ситуација го става кај нас, кај внатрешните политички фактори и нашата лична политичка одговорност за идинината на државата. Кога ЕУ и НАТО препознаваат и признаваат ново парламентарно мнозинство и од нас очекуваат да демонстрираме политичка зрелост и да формираме нова Влада, незрело и политички интенционално би било префрлање на политичкото тежиште од Собранието на нова лидерска средба.

Седнувањето на преговарачка маса ќе значи приклучување на „националистичкиот танц“ кој Груевски го води за да го сокрие својот страв од правна одговорност за злоделата кои ги направи на граѓаните во текот на своето владеење. Имагинативниот националистички иредентизам грчевито се обидува да го прикаже како закана за опстанокот на државата, а не криминалот и корупција кои ги посеа во македонското општество. Седнување на маса со него ќе значи легитимирање на овие извртени и лажни тези.

Личните судбини не се и несмеат да бидат судбини на целата државата, од таму сите политички фактори кои Македонија ја гледаат како дел од ЕУ и НАТО, како земја на западни вредности, треба да го дадат целокупниот свој придонес за деблокада на инситутиците на системот и мирен трасфер на власт, а не да бараат враќање на состојбите во точка од каде што почнува пропастот на државата“, се вели во соопштението на НСДП.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -