fbpx
2.8 C
Skopje

Нуредини: Чудно е за три минути да изгори сѐ, суво дрво да беше немаше така брзо да гори

АКТУЕЛНО

Газим Нуредини, координаторот на ковид болницата во Тетово, денеска пред медиумите кажа дека за три минути изгорела цела модуларна болница, и тоа е чудна околност, бидејќи како што вели, суво дрво нема да изгори за три минути.

„Тоа било три минути, дојдов за три минути беше се завршено. Ние не сме експерти, и затоа ноќта баравме јавен обвинител, МВР да интеревнира. Чудно ни беше за три минути да имате цел објект во пламен и да остане само железо. И суво дрво да е нема да гори така“, рече Нуредини.

Тој надополни дека повредените се во добра здравствена состојба.

Нуредини кажа дека посети не биле дозволени, и дека имало известување до сите одделенија да бидат запранети посети на пациенти болни од ковид.

„Секоја посета е казнива, и по протокол тоа е казниво. Не може роднина да се грижи за пациентите. И порано имавме укажувања дека имало. Пративме изестување до сите одделенија дека не се дозволува посета. Законски не е дозволено фамилија. Кога гореше болницата, дојде цело Тетово, од сите делови да помогнат, но за три минути беше се изгорено“.

Во моментов во Тетово се хоспитализирани 57 пациенти позитивни на ковид-19.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -