30 C
Skopje

Обединување на десницата но не со удбашки структури, туку со Љубчо Георгиевски

АКТУЕЛНО

Премиерот Заев со владина делегација во дводневна посета на Атина

Конференцијата на угледниот магазин „Економист“ како тркалезна маса со Владата на Грција и учесници од регионот, оваа година е посветена на темата „Европа: Зајакнување...

Се огласи момчето кое Федерер го удрил со тениско топче во лицето: „Јас чекам 14 години извинување, а Новак е дисвалификуван“

Веста која што деновиве ја подигна јавноста на нозе е дисквалификaцијата на Новак Ѓоковиќ од УС Опен. Да ве потсетиме, српскиот ас случајно ја погоди...

Драстичeeн пад во бројката на новозаболени, но дрaaстично помал број и на тестови

Во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 24 Куманово 6, Дебар 4, Штип...

Заев: Оваа година слободни и отворени кон светот ја славиме независноста

Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, нека ни е честит и вековит 8 Септември - Денот на независноста! Пред 29 години, на 8 септември, граѓаните...

Деновиве се почесто се поставува прашањето, како ќе се постават најголемите македонски политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и кој од нив ќе има поголем коалиционен капацитет на претстојните парламентарни избори.

И кога сме кај коалиционите партнери многу е важно да се знае кој со кого ќе соработува, со каков капацитет и каква идеолошка матрица на политичари односно дали повторно ќе имаме калакурница на идеолошки план и нема да се знае кој е лево, а кој десно, кој е искрено проевропски и западно ориентиран, а кој не. Кога велиме европски, мислиме на конкретните реформи кои мора да се спроведат за да бидеме европска држава. Тука се реформите во судството, администрацијата, здравството, образованието. Засега ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ не прикажаа дека се нешто посебно заинтересирани да спроведат било какви реформи. Напротив, повеќе беа ажурни во вработувањето на нивните партиски војници и целосно партизирање на институциите на државата.

ВМРО-ДПМНЕ односно новото раководство на партијата најавуваа обединување на десницата.

Како? Со кого? Кои се тие десничарски партии со кои оваа партија сака да прави обединување? Со Иван Стоилковиќ, со Стевче Јакимовски и Страшо Ангеловски? Навистина не можам да ги разберам изјавите на челниците на партијата кои го споредуваат името и презимето на Љубчо Георгиевски и неговата тежина и рејтинг во домашната и меѓународната јавност со овие погоре наведни ликови.

Љубчо Георгиевски е политичка фигура која зад себе може да контролира 30 илјади гласови. Чисти, лојални гласови кои изминативе 15 години останале отпорни на притисоците на поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, нивните ветувања за работни места и други бенефити кои доаѓаат по политичкиот трансфер односно преминувањето во нивниот политички субјект. Љубчо Георгиевски е политичка фигура која е проЕУ и проНАТО ориентирана, која максимално се залага за спроведување на сите договори кои го олеснуваат европскиот пат на Македонија. Тоа значи дека тој како таков има и добри контакти и со меѓународниот фактор во земјата, а тоа во превод би значело дека може како фактор да биде и те како од полза за спроведување на сите реформи кои се потребни за нашето интегрирање во ЕУ. Човекот беше еден од првите кои говореше за независна држава, со своја валута, армија, репрезентација и тие негови заслуги бидат запишани во историјата. Човекот беше еден од оние кои ја основаа ВМРО-ДПМНЕ, човекот беше еден од оние кој ги даде најхрабрите совети за целосно расчистување со албанците во државата, за размена на територии со кои денес немаше да глумиме едно општество за сите, туку ќе бидеме држава во која немаше домаќинот да биде зависен од оние кои се кренаа против државата со пушка.

Затоа, јавно деновиве се поставува прашањето – дали Мицкоски има храброст конечно да реши со удбашките структури во партијата и конечно после толку години да подаде рака на своите браќа од помалите десничарски партии? Подготвен ли е Мицкоски да подаде рака на првиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, човекот кој им ги отвори портите во политиката, човекот за кого Влатко Ѓорчев плачеше кога си замина од лидерската функција во партијата? Љубчо Георгиевски беше икона на ВМРО-ДПМНЕ, човекот во чие време беше страв да се каже дека си вмровец, човекот кој ја градеше Македонија со буџет од една милијарда марки. Ќе се спроведе ли обединување на десницата? Ќе успееме ли да ги видиме Христијан Мицкоски и Љубчо Георгиевски рамо до рамо во борбата против СДСМ или ќе дозволат да изгубат повторно 30.000 гласачи кои ќе бидат во полза на Зоран Заев и СДСМ?

Пишува: Ц. Љ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Заев се сретна со Мицотакис: Грција останува силен лобист и поддржувач на нашата земја

Партнерството засновано на доверба и пријателство го трансформиравме во сојузништво со членството на нашата земја во НАТО, а Грција останува силен лобист и поддржувач...

Бугарскиот новинар Крастев: Ќе биде голема грешка ако Бугарија ја блокира соседна Македонија на патот кон ЕУ

Николај Крастев, бугарскиот новинар, долгогодишен дописник од Западен Балкан и аналитичар, смета дека ќе биде голема грешка доколку Бугарија го блокира патот на Македонија...

Мајките на породилно ќе протестираат: Леб и сол ќе јадам, детето во градинка не го пуштам

Мајките на породилно ќе протестираат: „Леб и сол ќе јадам, детето во градинка не го пуштам” Мајките кои се на породилно отсуство в четврток ќе...

Мицкоски протестираше за Гоце Делчев и објави видео од внуката на Гоце (Видео)

Мафијата не е посилна од вистината. Изборот е СДСМ или вистината. Или Македонија, или мафија. Изборот на овој народ е Македонија! Опаметете се! Делчев е...
- Advertisement -