fbpx
18.8 C
Skopje

Објавени потерниците за Грујевски и Бошкоски

АКТУЕЛНО

МВР на својата интернет страница ги објави потерниците за Горан Грујевски и Никола Бошкоски кои веќе четвртти ден се недостапи за органите на прогон и за судските власти во земјата.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека одговорноста за бегството на двоецот од тајната полиција треба да се бара кај судот кој четири часа го праќал решението за притвор до МВР.

Горан Грујевски и Никола Бошкоски се обвиенти во случаите „Тврдина“ и „Таргет“, преку кои СЈО треба да утврди кој нелегално прилсушувал во земјава со години. Тие исчезнаа откако судот донесе одлука да бидат ставени во притвор. Полицијата неколкупати ги прегледа нивните домови и повеќе други локации за кои се сомнева дека моќат да бидат засолнати , но засега без резултат.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -