fbpx
6.8 C
Skopje

Очаен татко од Сирија ја бара својата ќеркичка низ Хрватска: Ве молам помогнете, Алса е сама, има само 5 години!

АКТУЕЛНО

Еден Сириец на Твитер и другите социјални мрежи ги моли луѓето да му помогнат да ја пронајде својата ќеркичка Алса (5), од која хрватските полицајци го одвоиле на граница и го вратиле во Босна и Херцеговина.

Несреќниот човек раскажува дека неодамна со група мигранти успеал преку Бихаќ да влезе во Хрватска и по два дена пешачење стигнал на подрачјето на Смољанац недалеку од Плитвичките езера.

 

„Немавме храна и само застанав во локалната продавница да купам некои продукти, вода и грана. Тука ме фати хрватската полиција, ме пикна во автомобил и ме врати назад во Босна. Им реков дека тука ми е ќерката, ги молев да не не раздвојуваат. Не ми веруваа“, раскажува Сириецот во потресното видео објавено на Твитер.

Тој не знае каде му е детето и ги моли сите кои знаат нешто да јават во полиција во Велика Кладуша или во најблиската полициска станица. Објави и мапа на местото каде девојчето е последен пат видено.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -