fbpx
28.8 C
Skopje

Од 21 мај со авионите на „Нордвинд ерлајнс“ ќе се патува од Скопје за Москва

АКТУЕЛНО

Новата редовна директна авиолинија стартува на 21мај 2021 година.

„Нордвинд ерлајнс“, една од најголемите руски авиокомпании, од 21 мај ќе почне со директни летови од московскиот аеродром Шереметјево до Скопскиот аеродром, соопшти ТАВ Македонија.

Првиот лет на „Нордвинд“ од Москва до Скопје е закажан за петок, 21 мај 2021 година, со време на поаѓање од аеродромот Шереметјево во 14.45 часот и време на пристигнување на аеродромот во Скопје во 17.10 часот.

„Нордвинд“ е една од најголемите авиокомпании во Русија според прометот на патници и ја има една од најразвиените мрежи на авиолинии во земјата. Базата на „Нордвинд“ е Меѓународниот аеродром Шереметјево во Москва. Со флексибилни авионски билети, лесен распоред на летови и бонуси во програмите за лојалност, летовите со „Нордвинд“ ќе бидат успешен почеток за патувања на бизнис-патниците, како и оние кои сакаат да уживаат во планираниот одмор.

Од „Нордвинд“ објаснуваат дека сите нивни патници можат да користат дополнителни услуги за удобен лет, како што се избор на седиште во авионот, избор на оброк, земање дополнителен багаж, нова услуга – дополнително место во близина, како и други услуги преку Интернет.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -