Откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како се работи на предавател во Боговиње, жителите вознемирени се сомневаат дека станува збор за инсталирање на 5Г технологијата.
Од „А1“ објаснуваат дека посочената интервенција била во насока на обезбедување сигурна и стабилна мрежа и континуитет во клучните телекомуникациски услуги.
„Во оваа вонредна состојба бележиме зголемен обем на говорен сообраќај како и зголемен интернет сообраќај кој е видливо повисок од вообичаено, што е резултат на прилагодувањето на компаниите на новонастанатата состојба со работа од дома и на останувањето на нашите корисници дома согласно мерките за заштита од коронавирусот.
-Активностите на оваа базна станица не се поврзани со воведување или активирање на 5G мрежа, бидејќи фреквенциите за комерцијално користење на 5G услуги сеуште не се доделени од страна на Агенцијата за електронски комуникации“.