fbpx
38.8 C
Skopje

ОД БАРСА ПОТВРДИЈА: Ова е причината зошто Нејмар замина, знаеше дека нема да….

АКТУЕЛНО

Потпретседателот на Барселона во интервју за Мундо Депортиво ги коментираше потезите на каталонскиот клуб во последните шест месеци.

За заминувањето на Нејмар, Местре вели:

Во текот на турнејата во Америка, поминавме многу време разговарајќи со Нејмар и неговиот татко, меѓутоа никогаш не добивме конкретен одговор, тие не беа транспарентни со нас. Исто така, можам да потврдам дека Нејмар не тужеше за бонусот.

Нејмар со нас си играше мачка и глушец. Знаеше дека нема да стане најдобар играч на светот се дури е во екипа со Лионел Меси па се реши да замине. Вистина е дека паничевме кога замина, но можам со сигурност да кажам дека од тогаш па се до сега станавме подобра екипа.

Валверде ни донесе идеја, свежина, тој е оној кој знае како трбеа да држи рамнотежа, го познава фудбалот и носи стабилност во екипата“, вели тој.

На прашањето за рекордното засилување, Филипе Кутињо, Местре додаде:

Кутињо јасно покажа и докажа дека сака да игра за овој клуб. Свесни сме дека платите на нашите играчи се многу високи, но тоа е сосема очекувано и нормално бидејќи тие се меѓу најдобрите во светот. 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -