16 C
Skopje

Попандонов: Од другата страна на Вардар

АКТУЕЛНО

И Апасиев се огласи за Палчо: Ќе формираме наша црвена милиција

По немилиот настан со Љупчо Палевски – Димитар Апасиев се огласи на фејсбук: Ја не се сеќавам у време на Грујо вака со шипки и...

Груби со најава: Владатa ќе разгледа дали да субвенционира вработување на албанците и граѓани од други помали етнички заедници

Во синоќешното гостување емисијата „Клик плус“, вицепремиерот Артан Груби најави дека Владата ќе ја разгледува можноста за субвенционирање на приватните компании кои ќе вработат...

Премиерот Заев со владина делегација во дводневна посета на Атина

Конференцијата на угледниот магазин „Економист“ како тркалезна маса со Владата на Грција и учесници од регионот, оваа година е посветена на темата „Европа: Зајакнување...

Бев дете туку што почнато да оди, улицата ми беше вториот дом, другарите и другарките второто семејство… Не имаше многу, секојдневно се слушаа нашите гласови од раните утрински часови па се до полноќ…Тоа беше нашата дружба, тој детски џагор, игра и смеа… Израснати со прекрасни игри кои што беа нашето секојдневие од крадци- полицајци, жмурка, граница, серва, шева, фудбал… Кога сме кај фудбалот секогаш имавме договорен тајминг 19 часот! Игравме дури и бејзбол, местевме плави канти кои што ни служеа за да стигнеме до целта… Училишниот двор во нашето училиште св.Климент Охридски, беше секојдневно резервиран за нас и нашето славно ракометно игралиште кое служеше за организација за најдобриот турнир во мал фудбал, каде што имаше забава смеа и чувство на исполнетост…Убави работи, што до ден денес во мене предизвикуваат чувство на радост од таа прекрасна дружба. Нашите родители никогаш не можеа да не најдат каде сме, но затоа пак нашите супер бабички секое ќоше го знаеа од нашето маало и не пронаоѓаа… Бевме деца неискварени и несебични, без разлика на нашата верска припадност сите се дружевме што и ден денес е така во нашиот Бутел!

Годините никогаш не претставувале проблем кога била во прашање дружбата, затоа Бутел беше населба која зрачеше со својата гостопримност, населба која зрачеше со секогаш насмеаните и расположени жители, населба која што живееше и ден денес живее за спортот. Но денес Бутел е една црна голема дупка. Половина и повеќе од моите другари од моето детство се иселени во други држави каде што се оженија и имаат прекрасни семејства и дечиња. Другарките кои се омажија и останаа во Бутел, едноставно го изгубија духот. Бутел стана толку мрачна населба, во којашто искрено дојде време да се плашиш да излезеш на улица бидејќи нема жив човек. За разлика од сега, во минатото, секојдневно до 5 саатот наутро имало луѓе по улиците. Бутел денес стана несигурна населба.

Сѐ остана исто во Бутел од пред 30 години, освен радоста и сигурноста. Ништо друго не е променето! Истите улици, додуша сега изедени од забот на времето, истата трева во школските дворови, истите дрвја, истата река Серава што во наше време беше многу почиста отколку сега. Едноставно ништо не е променето на подобро. Бутел тони! Додека насекаде низ светот се мисли за подобро утре на граѓаните, ние во Бутел како да сме изолирани од тоа подобро утре. Сите еден ден ќе завршат во Бутел 3, па ајде да си се тешиме со тоа! Што ќе ние се подобри услови?!

Толку политички партии се сменија, толку лица се сменија, никој ништо не направи за нашиот Бутел! Никој не се потруди да донесе сјај! Се прашувам, зошто никој до сега не направи нешто корисно за оваа населба? Немале идеи, пари, проекти или можеби сите досега биле задоволни каков е Бутел па немаше потреба од никакви промени?! Имам чувство како никој досега да не работел во вистинска корист за Бутел. Користа била исклучиво лична и тесно партиска! Толку ли е тешко да се види што фали? Еве неколку прости примери кои верувам дека сите ги знаеле и знаат но не ги реализирале поради причини познати само за нив: здравствена установа, која што ќе биде во целосна функција на граѓаните на оваа населба, а не како досегашната, стара и пред распаѓање. Културно, спортски, детски катчиња на нормални локации каде што ќе можат децата да играат, забавен центар за највозрасните, каде што би можеле да се собираат и да се дружат. Идеи безброј! Дали се има волја да се направат? Волја да, ама не од тие што досега беа на власт! Да исполневте сите вие 30 години наназад, барем 30 посто од ветувањата што ги давате пред избори, сега Бутел ќе беше една од најубавите и најпосакуваните општини за живеење. Вие го направивте сосема обратното!

Доста со лаги и манипулации! Време е бутелчани да не бидат заборавени во пред новата ера, време е да се врати волјата за подобар живот во Бутел. Време е моите сограѓани да се освестат и да не потпаѓаат под манипулации и лаги, време е за нов Бутел, време е Бутел да стане нормална и функционална населба како и сите други населби од другата страна на ВАРДАР!

Автор: Димитар Попандонов, член на НК на ГДУ линк до порталот Трибуна ТУКА

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

30 момчиња од Комити приведени во полициската станица во Кисела Вода

30-тина момчиња од навивачката група „Комити“ вечерва се приведени и однесени на распит во Полициската станица во Кисела Вода, дознава „Инфомакс“. Според нашите информации, момчињата...

Професор претепаал ученичка до смрт поради неточни одговори

Професор по математика од кинеската провинција Сечуан до смрт прee тепал ученик во основно училиште за два погрешни одговори на неговите прашања. Како што пишува...

Конечно излезе видео кое јасно укажува зошто треба да се укине ТИК ТОК – ова го гледаат и млади луѓе

Зошто СТОП за TikTok во Македонија? Затоа што ова го гледаат и млади луѓе! Ваква објава излезе на фејсбук страницата СТОП за ТикТок во Македонија....

Република Северна Македонија на лажговци

Нашата мила Македонија! Онаа која требаше да ја градиме, чуваме, негуваме, развиваме! Онаа Македонија во која се родивме, растевме, пораснавме, добивме синови и ќерки, внуци! Онаа...
- Advertisement -