Аргентинските и светските медиуми објавија дека денеска во својот дом почиna еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона.




Си-Ен-Ен Бразил и „Кларин“ од Аргентина јавија дека денеска 60-годишниот Марадона почина од срцев удар
Легендарниот аргентински фудбалер во последните неколку месеци имаше големи проблеми со здравјето, а неодамна му беше извршена операција по која успешно се опорави. Болницата ја напушти пред две недели и се опоравуваше во својот дом.
Диего Марадона е избран за еден од двајцата најдобри фудбалери во минатиот век заедно со Пеле, а во фудбалот освои се што можеше да се освои како играч.
Марадона се смета и за еден од најголемите спортисти на 20. век, а во богата кариера настапуваше за Аргентинос јуниорс, Бока Јуниорс, Барселона, Наполи, Севиља и Њуелс Олд Бојс. За репрезентацијата на Аргентина со која беше светски шампион во 1986 година, одигра 91. натревар и постигна 31 гол.