fbpx
17.8 C
Skopje

Од силниот ветер во Карпош летнал покрив од зграда и оштетил пет стана од спротивната

АКТУЕЛНО

Силниот ветер кој вчера дуваше на територијата на нашата држава, во скопски Карпош откорнал покрив на зграда на улицата „Бранислав Нушиќ“ и додека паѓал искршил прозорци од 5 стана, објави „Прес24“.

Читател на порталот  ја раскажува приказната.

„Им ги скрши прозорите и ролетните, стаклата се распрснати во кујните на станарите. Среќа во тој момент никој немало во кујните ниту пак некој поминал на улицата доколку било спротивно ќе имало жртви. Од ветерот летнал кровот и се удрил од зградата број 9 и почнал да се лизга и да паѓа надолу и лимот гребел по зградата.

При паѓањето и кршењето на прозорите соседите претпеле голем страв и незнаеле точно за што се работи освен што виделе распрскани стакла на своите прозори“.

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како ден во кој се сменија две годишни времиња, од лето во есен. Истовремено, од прашината која се дигна во главниот град, нивото на загаденост вртоглаво се покачи над дозволените граници.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -