fbpx
13.8 C
Skopje

Од среда не очекува драстична промена со времето – нов циклон кон Македонија

АКТУЕЛНО

Следните денови ќе преовладува променливо време со температури околу просекот за овој период од годината.

Утринските температури ќе се движат од 4 до 14 степени, а дневните ќе достигнат до 26 степени.

Синоптичарите најавуваат врнежи од дожд во среда и петок, особено во јужните делови од државата.

Како што соопшти УХМР, нашето подрачје се наоѓа на периферија од циклонска активност над Медитеранот, која во наредните два дена ќе услови променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено во јужните и источните делови.

Денес утринската ќе биде во интервалот од пет до 12, а дневната од 17 до 24 степени, во вторник од три до 10, односно од 19 до 26 степени. Во среда утринската од четири до 11, а дневната од 18 до 26 степени, во четврток од пет до 12, односно од 19 до 27 степени и во петок утринската во интервалот помеѓу четири и 12 и максималната дневна од 17 до 25 степени.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -