fbpx
37.8 C
Skopje

Од утре заедничка вежба на АРМ и Армијата на САД на Криволак

АКТУЕЛНО

Конвој со 120 борбени возила на Вооружените сили на САД утре преку граничниот премин со Бугарија „Деве Баир“ ќе пристигнат во Македонија по повод заедничката вежба на АРМ и Вооружените сили на САД „DRAGOON GUARDIAN 17“.

Како што информираа денеска од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, вежбата е наменета за поддршка на целите за обука за зајакнување на стандардните оперативни процедури на инженерските и АБХО единиците од составот на АРМ, како и унапредување на заемното разбирање меѓу АРМ и ВС на САД.

Потполковник Тони Јаневски брифираше за активностите за време на вежбата која започнува утре со доаѓањето на конвојот возила со 300 припадници на Вооружените силите на САД од инженерскиот сквадрон кои во Куманово по свечената церемонија и обраќањата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли, ќе ја презентираат опремата.

Следните два дена, во рамки на цивилно-воената соработка, возилата ќе бидат презентирани во Скопје, Штип и Велес при што преку интеракција со локалното населенија покрај презентацијата ќе се реализираат фитнес сесии како и детски натпревари.

На 31 автуст на Криволак ќе се одржи отворен Ден за високи гости и медиуми. На 3 и 4 август продолжуваат активностите со цивилно воената соработка во Струмица и Струга каде покрај презентацијата на опремата ќе се одржи и фудбалски натпревар помеѓи припадниците од двете армии со локален клуб.

Командантот на инженерскиот баталјон Васил Митевски информираше дека на полигонот „Криволак“ утре и задутре ќе започнат и заедничките активности на двете армии на која АРМ со 95 припадници ќе ја прикаже подготвеноста во одговор на сценариото подготвено за вежбата. Прва активност ќе биде изработката Полетна-слетна патека (ПСП) за безпилотни летала во должина од 300 и широка 30 метри. ПСП ќе биде изработена по сите стандарди на американската војска, а ќе остане во користење на АРМ. За време на вежбата инженерците ќе расчистуваат патишта од импровизирани експлозивни направи, а АБХО единиците ќе увежбуваат заштита од атомско оружје и начинот на деконтаминација. Како последна активност, според Митевски, ќе биде запознавање со личните вооружувања на двете армии при што ќе бидат изведени и боеви гаѓања.

На вежбата, како што појасни капетанот во ВС на САД Патрик Енрикез, ќе бидат користени возилата „Buffalo“, „Humvee“ и оклопниот транспортер „Striker“, а дел од истите ќе бидат и презентирани низ градовите во државата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -