fbpx
24.8 C
Skopje

Од ВМРО-ДПМНЕ со став за тајното гласање за уставни измени во Собранието, а тој гласи вака

АКТУЕЛНО

Според партијата на власта, таа може да обезбеди 2/3 мнозинство, а последните изјави од лицата од врвот на СДСМ велат дека има чесни пратеници и од ВМРО-ДПМНЕ, но тие биле под притисок.

За тоа дали може да се гласа тајно или не во Собранието на РМ, од СДСМ велат дека тоа е добро бидејќи пратениците на тој начин не би можеле да бидат етикетирани како предавници.

Од друга страна, од ВМРО-ДПМНЕ цврсто стојат на ставот дека Преспанскиот договор после овој референдум не постои.

– Можеме да очекуваме се од оваа власт, а тајно гласање би било силување на демократијата, ништо повеќе, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -