fbpx
21.8 C
Skopje

Одредени цените за влезниците на УЕФА Суперкуп спектаклот во Скопје

АКТУЕЛНО

Кон средината на јуни во продажба ќе бидат пуштени билетите за најголемиот фудбалски спектакл во Скопје, УЕФА Суперкупот кој ќе се одигра на 8. август на Арената „Филип Втори“ во Скопје.

Македонската јавност со нетрпение очекува информации околу продажбата на билетите, а конечно е познато дека цената на влезниците ќе се движи од 15 до 38 евра.

За фудбалската јавност во Македонија ќе бидат пуштени во продажба околу 20.000 билети, поради тоа што капацитетот ќе биде намален поради безбедносни причини.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -