fbpx
17.8 C
Skopje

ОФИЦИЈАЛНО: Нема вонредна состојба, на полноќ започнаа да течат изборните рокови за избори на 5 јули

АКТУЕЛНО

Како што пренесоа повеќе медиуми, Владата воопшто не дискутирала за продолжување на вонредната состојба на денешната владина седница. Со тоа што немаше барање за продолжување на вонредната состојба, точно на полноќ започнаа да течат изборните рокови за избори на 5-ти јули.

Во текот на вчерашниот ден, првиот човек на СДСМ го понуди 8 јули како изборен датум, односно истакна дека наместо 5 јули, согласен е да се излезе на избори и на 8 јули.

Според предвидениот рок, кампањата ќе започне на 16 јуни односно вторник, а изборите ќе се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба. За 5 јули даде согласност и најголемата албанска политичка партија ДУИ.

Во текот на вчерашниот ден за тоа кога треба да биде датумот, со изјава излезе и амбасадорката на нашиот најголем стратешки партнер САД, г. Кејти Брнз која истакна дека изборите треба да се спроведат според Уставот и законите на земјата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -