fbpx
6.8 C
Skopje

Официјално: Рашковски не е повеќе дел од владата, премиерот ја прифатил оставката

АКТУЕЛНО

Портпаролот на Владата Душко Арсовски на денешната прес конференција, по новинарско прашање, посочи дека премиерот Зоран Заев ја прифатил оставката на Драги Рашковски.

„Драги Рашковски достави писмо со кое го известува дека се повлекува од функцијата, тоа е негова лична одлука и има право на тоа“, истакна Арсовски.

Ова доаѓа откако претходно, самиот Драги Рашковски на својот фејсбук профил го објави писмото испратено до премиерот Заев во кое бара да се повлече од функцијата која ја вршеше.

,,Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест” – напиша Рашковски во објавата

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -